Следи нѐ
To Top

ОТКАКО ОБЈАВИЈА ЗА БРЕМЕНОСТА: Амал и Џорџ Клуни ќе ги избегнуваат сите опасни земји

Откако актерот Џорџ Клуни (55) и адвокатката за човекови права Амал Клуни (38) чекаат близнаци, двојката е многу внимателна.

Актерот, кој е познат по својот политички активизам и неговата сопруга, адвокат за човекови права, одлучија засега да живеат повнимателен животот, поради што Клуни најави дека нема да патуваат во опасни земји.

реклама

– Сопругата повеќе нема да патува во Ирак, а јас ги бојкотирам Јужен Судан и Конго, рече холивудскиот актер.

Тој додаде, дека тие земји се опасни по живот, а ќе ги избегнуваат и оние каде не се добродојдени.

Клуни неодамна ги негираше шпекулациите дека двојката чека девојче и момче.

– Не знам од каде тие шпекулации. Амал и јас се уште не ги знаеме половите на близнаците, ниту пак сакаме да знаеме, рече тој за француските медиуми.

Актерот призна дека е многу нервозен заради родителството, но и многу среќен. Новиот член нетрпеливо го очекува и мајката на актерот, Нина Клуни.

– Јас сум многу среќна поради Џорџ и Амал. Не можам да замислам двајца луѓе кои би биле подобри родители од нив, рече таа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.