Поврзи се со нас

Популарно.мк

ГИ „НАМОКРИЛ“ ТРЕНЕРКИТЕ: Џастин Бибер одговори на папарацо фотографиите

Сцена

ГИ „НАМОКРИЛ“ ТРЕНЕРКИТЕ: Џастин Бибер одговори на папарацо фотографиите

Дали Џастин Бибер навистина не можел да издржи и ги „намокрил“ тренерките или постои друг изговор за дамката која папараците успеаа да ја фатат на неговите тренерки?

Џастин Бибер дефинитивно е една од најопуштените ѕвезди во Холивуд, а за тоа говори и храброста да се појавиш во јавност на улиците во Лос Анџелес, со огромна дамка на своите тренерки, која веројатно мириса на урина, знаејќи дека папараците те демнат на секој агол.

Утринава популарниот портал ТМЗ објави видео на кое се гледа младиот пејач како спокојно оди на улица додека на неговите тренерки од 400 долари се гледа големата дамка.

Сепак, Бибер се јави со одговор на својот твитер профил и појасни како всушност настанала таа незгода.

– „Некој ми даде цвеќе додека возев, и на една стрмна кривина водата се истури врз мојот … хм хм. Навистина ми е мило што ве насмеав!“ – вели Џастин.

Џастин нѐ научи на добра лекција – да не брзаме со нашите заклучоци :)

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.