//
Следи нѐ
To Top

Средношколци истепани поради девојка

Седумнаесетгодишник и негов другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од село Арачиново и од уште еден ученик во училиштето.

Нападот е пријавен во полицијата вчера попладне околу 16 часот.

реклама

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето.

Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во возило „Голф 3“ со скопски регистерски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа. По пристигнување во близина на основното училиште „Битолски конгрес“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: