Следи нѐ
To Top

ДУИ ги даде потписите за мандат на СДСМ

ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за добивање мандат, но тоа не значи дека ќе коалицира во новата влада, изјави синоќа портпаролот  на партијата Бујар Османи за време на централното претседателство на ДУИ.

Османи рече дека ДУИ ги дава потписите за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија.

реклама

– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука. Давањето на потписи не значи договор за влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада, изјави Османи.

Претходно, од ДУИ посочија дека разгледуваат две опции. Едната е ДУИ да биде дел од владината коалиција, а втората опција е да даде подршка за малцинска влада, но партијата да биде во опозиција, односно нивните партиски преставници, да не бидат дел од извршната власт.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.