//
Следи нѐ
To Top

Овогодинешното доделување на Оскарите во знак на протест против Доналд Трамп

Во Лос Анџелес вечерва ќе се одржи 89-тото доделување на Оскарите. 

Возбудата е голема, но и помешана со нервоза бидејќи неколкумина од номинираните нема да можат да присуствуваат на церемонијата поради острите мерки што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

реклама

Се очекува говорите на глумците и режисерите да бидат фокусирани на политиката и моменталната ситуација во САД по победата на Трамп.

Некои од холивудските ѕвезди веќе го изразија мислењето на оваа тема.

Претседателката на Академијата за филмска уметност Шерил Бун Ајзекс изјави дека нема да ги спречи глумците да ја искористат вечерашната сцена за политички говори.

– Една од работите поради кои сум среќна е тоа што имаме слобода на говорот. Сметам дека многумина од нив ќе зборуваат спонтано кога ќе слушнат дека нивното име е прочитано. Се надевам дека сите ќе ги искористат своите 45 секунди на сцената за да кажат нешто што има смисла, истакна Ајзекс.

Мерил Стрип веќе даде изјава против претседателот на САД на доделувањето на Златен глубус. Трамп за таа изјава наведе дека Стрип се „преценува“.

Сепак, некои од глумците сметаат дека оваа сцена не треба да се користи за давање на такви изјави.

Церемонијата за доделување на Оскарите ќе се одржи вечерва во 17.30 часот, по локално време.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.