Следи нѐ
To Top

Кои се карактеристиките на совршениот дом?

Домот, куќа или стан, е најзначајното место за секого. Ова не се должи на тоа што домот е само еден објект кој штити од елементите и каде луѓето уживаат сигурност и комфор.

Домот е екстензија на начинот на живеење. Тука луѓето го поминуваат својот живот, се чувствуваат свои, ги создаваат најубавите моменти, ги поминуваат годините со саканите и пријателите. Сечија идеја за совршен дом е различна, некои сакаат повеќе простор, други сакаат поголема функционалност.

реклама

Има луѓе кои преферираат да живеат во урбана средина и во стан и луѓе кои сакаат да живеат во куќа со сопствен двор. Независно од желбата и потребата постојат неколку карактеристики на совршениот дом.

Сигурност

Изреката „Твојот дом е твојот замок“ се должи на премисата дека секој во својата куќа или стан треба да се чувствува сигурно. Домот е местото во кое сте заштитени од временските услови и од криминални дејствија. Секој објект треба да ги минимизира ризиците врз животите и здравјето на луѓето кои живеат во него. Ова е карактеристика која ретко се напомнува, но мора да се зема во предвид затоа што луѓето ретко целат кон амортизирање, т.е. обновување на елементите кои го штитат домот. Дали тоа е кров кој прокиснува, електрична инсталација која застарува, или пак врата која лесно се пробива.

Локација

Никогаш не смее да се остави простор за штедење за добивање на најдобрата локација која можете да си ја дозволите. Таа е клучна во исполнувањето на потребите независно од индивидуалните желби. Локацијата на домот треба да ги исполнува сегашните и идните потенцијални потреби на секој кој би живеел во една куќа или стан. Многу често луѓето се водат од тоа каде би сакале да живеат наместо каде би било најдобро да живеат. Локацијата на домот не е нешто што може да се прилагоди согласно потребите. Таа секогаш се утврдува при изборот на куќата или станот и притоа не е паметно да се прави компромис без разлика на желбите или колку и да е совршен објектот. Доколку домот е многу далеку од училиштето, како би можеле децата редовно или сигурно да го посетуваат? Локацијата на домот е бескомпромисна и мора да се имаат во предвид потребите.

Светло и светлина

Домот кој има барем една страна која е завртена на југ има сериозни придобивки. Иако оваа карактеристика не е толку значајна како сигурноста и локацијата, луѓето треба да целат нивната куќа или стан да е изложена на сонце. Доколку во објектот навлегува доволно сончева светлина истиот полесно се затоплува во зимските периоди. Вака некои домови кои имаат многу дневна светлина може и да си дозволат да заштедат на ресурсите потребни за загревање. Клучен фактор е и поставеноста на прозорците на јужната страна кои ќе овозможат најефикасно искористување на природната сончева енергија. Воедно, светлината го подобрува и расположението на секој кој живее во домот. Оваа карактеристика треба да се искористува секојдневно со редовно поместување на завесите и кревање на ролетните.

Енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност е од клучно значење за секој дом, а во последните неколку години нејзината популарност расте заедно со свесноста за потребата на имплементирање на истата. Секој треба да цели да избере или да го направи својот дом енергетски ефикасен. Придобивките искористување на производи кои ја подобруваат енергетската ефикасност се неизмерни. Луѓето кои се трудат да ги искористат овие придобивки заштедуваат на енергија и последователно го минимизираат ризикот од загадување на природата. Овие домови се карактеристика на модерното време. Технологиите за енергетска ефикасност константно напредуваат и секој кој се труди да ги искористи на долг рок заштедува на енергетски трошоци. Од клучно значење е и консултацијата со контролор за енергетска ефикасност со цел најдобро да се искористат овие можности и технологии.

Кои се карактеристиките на совршениот дом?

Традиционално, и оваа година СКОПСКИ САЕМ ги организира „Саемот на градежништво“ и саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО каде што секој ќе може да ги разгледа модерните технологии со кои се гради еден објект. Истовремено, за секој што трага по совршен дом саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО ќе понуди одлична можност да се разгледаат понудите на станови и куќи кои ќе ги презентираат изложувачите. Воедно, на саемот посетителите ќе ја имаат можноста да се запознаат со придобивките од енергетската ефикасност. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво“ и саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од  Swisscontact и ПРЕДА Плус. 

Саемските денови започнуваат на 28.02.2017 и ќе траат до 04.03.2017.

Повеќе информации може да се проследат на официјалната страна на СКОПСКИ САЕМ: http://www.eragrupa.mk/index2.aspx

За повеќе информации за пристап до енергетските контролори може да ја посетите: https://issuu.com/idealab6/docs/preview_flaer_kako_do_energetski_ef

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.