Следи нѐ
To Top

НАЈАВЕНИ НОВИ ЅВЕЗДИ: Years & Years и Lost Frequencies доаѓаат на Егзит 2017!

Британската сензација Years & Years, која со брзина на светлината го освои светот во изминатите пар години, тукушто го потврди настапот на главната бина на EXIT фестивал во петок, 7-ми јули!

Ова лондонско трио светските медиуми едногласно го прогласија за еден од најдобрите нови бендови додека славниот „Ен-ем-и“ магазин ги нарече „најважниот поп бенд на 21-виот век“. Зад себе веќе имаат распродадени арени и настапи на најголемите светски фестивали, а до појавата на уште една од ѕвездите на Exit, Rag’n’Bone Man и неговиот албум „Human“, токму „Communion“ на Years & Years беше најбргу продаваниот деби албум на деценијата!

реклама

„Communion“ воедно беше и првопласираниот на британската листа на албуми, како и нивниот најпознат хит „King“, кој по продажбата таа година зад себе ги остави сингловите на Ријана, Ели Гулдинг и „Д Викенд“! На главната бина на Exit ќе ги слушаме нивните хитови „Shine“, „Desire“, „Take Shelter“, „Eyes Shut“ и „Worship“, како и новите песни кои ги пишуваат заедно со електро-поп иконите Pet Shop Boys.

А на оваа бина, и тоа истата вечер кога настапува и Alan Walker, доаѓа уште еден мајстор за хитови, белгиската суперѕвезда Lost Frequencies! Неговите хитови „Are you with me“ и „Reality“ кои бројат стотици милиони „ЈуТјуб“ прегледувања, ги освоија повеќето европски топ листи.

Откако ја воодушеви публиката на фестивалите ширум Европа, вклучувајќи го и Sea Dance фестивалот минатото лето, на овогодишниот EXIT доаѓа со уште неколку нови хитови меѓу кои се и „Beautiful Life“, како и новата верзија на култниот хит од 90-тите „What Is Love“!

Иако до фестивалот остануваат уште скоро четири месеци, минатогодишната рекордна продажба на влезници за EXIT е веќе надмината во споредба со онаа во средината на април минатата година! Влезниците за EXIT фестивал по промотивна цена од 3.580 денари, се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

EXIT тимот годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017. Прв во низата е Sea Star, кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е Revolution фестивалот во Темишвар на 2-ри и 3-ти јуни, а веднаш по EXIT фестивал, од 6-ти до 9-ти јули, следува четвртото издание на Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.