Поврзи се со нас

Популарно.мк

ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА: Хуманитарен концерт за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“

МК Сцена

ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА: Хуманитарен концерт за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“

Група на ученици од Меѓународното училиште „НОВА“ ќе организираат хуманитарен концерт насловен „TEENAGE RIOT“, за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“, кој ќе се одржи на 12 април, со почеток од 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Хуманитарниот концерт е дел од проектот ЦКА- ПХВ (Црвен Крст во акција- Промоција на хумани вредности), кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште „НОВА“.

На овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови: АРЕА, PMG Кolektiv, MILLKO, FUNK SHUI, KHARA и LINKOLN LETTER.

Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака“ заедно со бендот FUNK SHUI.

Цената на еден билет ќе чини 250 денари, а собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Инаку, програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Оваа програма се реализира во соработка со учениците од Меѓународното училиште НОВА, кои реализираат повеќе проекти за помош на заедницата со цел да се помогне на одредени социјално загрозени или маргинализирани групи во општеството.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.