Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и ветровито

Вести

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и ветровито

Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до еден и дневна до 15 степени.

И во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура во сабота ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 14 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од 12 до 20 степени. Дневната температура ќе биде во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела и ќе се движи во интервал од 15 до 22 степена.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.