//
Следи нѐ
To Top

Градоначалниците можат да ги извршуваат надлежностите до мај

Градоначалниците и членовите на советите на општините можат да ги извршуваат своите надлежности до завршување на рокот определен со Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај, стои во мислењето од Министерството за правда, кое заради настанатата ситуација произлезена од немањето услови за распишување на локалните избори во законскиот рок го побара Министерството за локална самоуправа.

– Согласно мислењето од Министерството за правда, постојните градоначалници и членовите на советите на општините можат да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај, со цел да се обезбеди заштита на уставно загарантираното право на граѓаните на локална самоуправа преку обезбедување континуирано вршење на надлежностите од страна на органите на општината (градоначалникот и советот), се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

реклама

Оттаму посочуваат дека Уставот на Република Македонија во членовите 114 и 115 го гарантира правото на граѓаните на локална самоуправа, како и правото на нивно непосредно и преку претставници (членовите на советите), учество во одлучувањето за прашања од локално значење.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.