Следи нѐ
To Top

НЕВЕРОЈАТНО: Гугл ве води директно во вулкански канал! (ФОТО)

Набљудувањето на активен вулкан за многумина е мошне возбудлива активност. Група туристи и научници ги ризикуваат животите пред неколку дена за да ја наљудуваат ерупцијата на Етна.

Вулканските карпи и жешката пареа повредија најмалку десет луѓе по експлозијата во каналот на сицилијанскиот вулкан.

реклама

Меѓутоа тимот на Гугл Стрит Вју осмисли начин луѓето виртуелно да присуствуваат на таквите настани.

Кај нив на репертоар е ерупцијата на Амбрина на островот Вануату, која можете да ја набљудувате под агол од 360 степени.

Експедициите на Гугл Стрит Вју често пати снимаат вулкани. Минатото лето го посети вулканот Масаја во Никарагва, а во таа прилика постави и сензори, кои ќе им помогнат на научниците да предвидат кога ќе се случи следната ерупција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.