Следи нѐ
To Top

НАМЕСТО СО ПАРИ, СЕ ПЛАЌАШЕ СО ПОЕЗИЈА: Во Македонија одбележан Светскиот ден на поезијата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од Виена до Шангај, од Чикаго до Хамбург, од Лондон до Дубаи, од Москва до Истанбул, денес во склоп на кампањата „Плати со поезија“ организирана од Јулиус Мајнл, илјадници љубители на кафето и стиховите, го прославуваат 21ви март, Светскиот ден на поезијата.

Македонија, на 8 локации во Скопје и 1 во Велес, е дел од овој незаборавен настан кој се одбележува секоја година на глобално ниво – овој пат во дури 36 држави и во над 1.400 кафетерии.

реклама

Од Јулиус Мајнл истакнуваат „На 21ви март решивме да ја оставиме имагинацијата да нè води. Горди сме што барем на еден ден придонесуваме во креирањето на повод кога валутата е заменета со емоции преточени на парче хартија.

Денес, платежното средство низ целиот свет за кафињата и чаевите на Јулиус Мајнл е токму поезијата. Многумина беа инспирирани и ја добија улогата на „поет“ со преточување на своите емоции и креативност на лист хартија.

3S3A9365 3S3A9326 DSC_0207 IMG_2813
<
>

Трета година по ред, Македонија е дел од овој настан. Секој кој ги посети Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Backyard, Juice Bar, Венето, Баду Бар во Скопје и Чао Кафе во Велес ја имаше можноста да ги открие своите најдлабоки желби, идеи, и надежи преку испишани стихови кои сигурно нема да ги заборават.

Вљубениците во кафето и поезијата се дружеа со реномирани поети и автори кои им помогнаа на заинтересираните да ги овековечат своите емоции на инспиративен и уникатен начин. Најкреативните и неоткриени „поети“ ги очекуваше несекојдневно и пријатно изненадување.

Овој ден е посветен на оние кои страста и волјата ја изразуваат преку пишаниот збор. Секој стих е неповторлив и со себе ја носи сржта на авторот кој го напишал.

Денес од сечиј паричник произлегоа инспиративни стихови. Илјадници луѓе дозволија нивната поезија и креативност да излезе на површина пиејќи го своето омилено кафе.

Светскиот ден на поезијата, со моќта на кафето, дефинитивно успеа, повторно да го отклучи сечие срце, како во Македонија така и низ целиот свет!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.