Поврзи се со нас

Популарно.мк

„АЈДЕ СОНЦЕ ЗАЈДЕ“: Проект со кој се обработуваат стари македонски песни

МК Сцена

„АЈДЕ СОНЦЕ ЗАЈДЕ“: Проект со кој се обработуваат стари македонски песни

Денеска, фолк пејачот Далибор Ѓошиќ, пред преставниците на медиумите го промовираше вториот сингл и спотот за истиот од проектот „Ајде сонце зајде“, проект во кој се обработуваат стари македонски народни песни.

Станува збор за песната „Стамена“, а на целиот овој проектот работат докажани и признаени музички имиња од Македонија, како Сашо Ливрински, еден од најпознатите македонски композитори, кој се јавува како обработувач на песните, кои ќе се најдат на овој албум.

Пред нешто повеќе од месец и половина, со големата промоција на „Ајде сонце зајде“, првата песна и спот од овој албум, Далибор само најави плодна година, во која дел по дел, ќе биде испромовиран целиот албум.

Токму на оваа промоција беше во живо отсвирена песната „Стамена“, а делови од тој настап се искористени во новиот спот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.