//
Следи нѐ
To Top

Згодна манекенка се соблече во новиот спот на Боби Павловски (ВИДЕО)

Иако работите на македонската естрада и не се баш сјајни последниве неколку години, сепак има и „борци“ кои и понатаму творат и создаваат македонска музика.

Еден од нив е и Боби Павловски кој полека, но сигурно си го наоѓа своето место под естрадното небо.

реклама

„Само една ноќ“ е неговата најнова песна, позади која како автори на музиката и текстот се потпишуваат братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

– Сметам дека ова е најдоброто од мене досега. Лазар и Магдалена се тим кој што си ја знае работата. Доказ за тоа се нивните многубројни хитови кои ги имаат создадено за моите колеги. Нашата соработка нема да запре тука, напротив со Лазе се договоривме да направиме уште една песна, но за разлика од оваа балада, таа би била со побрз ритам, односно една убава и летна песна – вели Боби.

За песната тој сними и видеоспот под режисерската палка на „Арт-продукција“. Во него покрај Боби во малку поексплицитно издание се појавува манекенката Викторија Луческа и моделот Стефан Лазаров.

Згодна манекенка се соблече во новиот спот на Боби Павловски (ВИДЕО)

– Факт е дека голотијата продава, за тоа доказ се многубројните музички спотови кои ги гледаме во нашето соседство, но и низ светот. Сите знаеме дека Бијонсе е една од најдобрите светски вокали, меѓутоа погледнете ги нејзините спотови, кој од кој е попровокативен – објаснува Павловски.

Боби вели дека не запира тука, тој веќе е во преговори за снимање уште два видеоспота, а дотогаш тој продолжува со неговите настапи во познатите скопски кафулиња и ресторани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: