Следи нѐ
To Top

„ИГРАЈ МАЛА“: Даниел Крстески со нова песна (ВИДЕО)

Очигледно девојките се неговата најголема инспирација. По последната „Милена“, младиот пејач Даниел Крстески сними уште една авторска песна со наслов „Играј мала“.

Овој пат токму Даниел се потпишува како автор на текстот и музиката, додека пак аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски – Дојчин.

реклама

– Оваа песна како и претходната е со побрз ритам. Сметам дека на нашата естрада недостигаат брзи песни, бидејќи кога имате клубски настап подобро поминуват за разлика од баладите – вели Даниел.

За новата песна има и видеоспот, во кој покрај Даниел во главната улога се појавува и убавата Марија Милошеска.

– Мислам дека и во наредните мои видеоспотови убавите девојки ќе бидат во главната улога. Досега се покажа како успешен рецепт и не гледам зошто да не продолжам со таквиот тренд – вели Даниел.

Инаку Даниел веќе работи на наговата најнова песна, која треба да биде промовирана на почетокот од летото.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.