//
Следи нѐ
To Top

МАКЕДОНИЈА ВО МРАК: Моќни видеа од Часот на планетата Земја го обиколуваат светот! (ФОТО+ВИДЕО)

Одбележувањето на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува #EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата во Европа!

реклама

Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња – поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“

Skopje-Dron-1 Skopje-Porta-BA Skopje-Plostad-BA Skopje-Kameni-Kale Skopje-Mrak Skopje-Sparkles Skopje-Devojcinja Skopje-Arheoloski-BA Skopje-60 Ohrid-BA UNESCO_Ohrid_Sveta_Sofija
<
>

– „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Скопје и Охрид уште еднаш се вклучија во фамилијата на големите светски метрополи кои го одбележаа Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа голем број на фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Градот Охрид и Црвениот крст на Република Македонија. – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Инаку, оваа глобална акција ја признава и ја промовира Македонија под нејзиното уставно име.

Во продолжение погледнете ги видеата кои заслужува да ги види цела Македонија!

Уживајте!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: