Поврзи се со нас

Популарно.мк

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Сцена

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заводници, се опоравува од разводот со Анџелина Џоли, дружејќи се со старите пријатели, кои пак, велат дека во неговиот живот нема нови жени „на повидок“.

Негова најголема радост моментно се шесте деца од заедничкиот живот со Џоли, со кои редовно се гледа. Покрај тоа, Пит и се врати на фитнес салата каде што, секако, ја одржува линијата и формата, па симнал неколку килограми, пишуваат таблоидите.

– Бред е многу посреќен. Го смирува тоа што неговите приватни проблеми не излегуваат повеќе во јавност, вели еден негов пријател.

Анџелина поднесе барање за развод во септември минатата година, а потоа следеше и битката за старателство над децата – Медокс (15), Пакс (13), Захара (12), Шилох (10) и близанците Нокс и Вивиен (8).

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.