Следи нѐ
To Top

Зошто пасошите постојат само во четири бои?

Пасошите во целиот свет пристигнуваат во многу нијанси, но во само четири основни бои – сина, црвена, зелена и црна.

Како што јави Бизнис инсајдер, постојат неколку причини за тоа:

реклама

Сини – Се верува дека оваа боја ја избираат „новата лига“ на нации, која ги вклучува: Индија, САД и Канада и јужноамериканските држави, како и Австралија.

Црвени – Црвената боја се поврзува за комунизмот и за „источниот блок“, па оваа боја и натаму ја имаат земјите кои имаат комунистичко минато – Кина, Србија, Летонија и други.

Зелена – Во овој случај религијата има клучен збор. Зелената се врзува за муслиманскиот свет, па земјите како што се Саудиска Арабија и Пакистан ја избираат оваа боја, додека африканските нации како што се Нигерија и Сенегал имаат вакви пасоши поради припадноста на Економската заедница на западноафриканските држави, чија заштитна боја е зелената.

Црна – Оваа боја најмалку се користи, а освен африканските пасоши на Замбија и Ангола, познат е и новозеландскиот пасош, затоа што црната е национална боја.

Како што се истакнува, САД ги „тестирале“ сите четири бои, додека Канада имаше привремени „бели пасоши“, а причината беше техничката – најлесно било да се набават такви примероци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.