//
Следи нѐ
To Top

Од 4-ти до 10-ти април саеми на книга, образование и патување

29-от Меѓународен саем на книгата, 20-от Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет започнуваат на 4-ти април и ќе траат сè до 10-ти април 2017 на Скопски саем. Овие денови на Скопски саем се резервирани за сите чија имагинација талка, кои отвораат нови поглавјa и кои сакаат да го видат светот.

Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во Македонија обезбедувајќи ја најголемата концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

реклама

Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ги претставуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции.

Скопје травел маркет е уникатна можност за квалитетно разгледување на туристичката понуда и опции за патување за секој кој сака да го види светот.

Саемите ќе бидат отворени од 10.00 до 20.00 часот, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: