Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сончево со слаб ветер од северен правец

Вести

Сончево со слаб ветер од северен правец

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје слично време – сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Сончево ќе биде и утре (среда), кога утринската температура се очекува да се движи од минус два до пет, а максималната од 15 до 21 степен.

Во четврток иако ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе бележат покачување, како утринските, така и дневните. Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.