//
Следи нѐ
To Top

Голема акција за отстранување на повеќе од сто тони смет од Монт Еверест (ФОТО)

Во пресрет на новата сезона на искачување на највисоката планина во светот Монт Еверест, се бараат планинари кои ќе учествуваат во акцијата на чистење на повеќе од сто тони смет и стара опрема која е фрлана и оставена на патеките. 

Со цел да се влијае на планинарите да се грижат за животната средина, од 2014 година при качувањето на Монт Еверест парично се казнуваат оние планирани кои нема да донесат доволно отпадок и смет, кои се оставени на патеките за Монт Еверест.

реклама

Иако звучи неверојатно, но Монт Еверест понекогаш се опишува и како најголема депонија во светот.

Најголемото количество на отпадоци се наоѓаат во камот на 6.400 метри надморска височина. За собирањето на смет се користат хеликоптери, а за планинарите е обезбедена цела дополнителна опрема, од кислороди, шатори, храна и слично.

Досега собрани се околу 16 тони ѓубре, но не се знае колку уште има останато на планината. Ситуацијата се влоши после земјотреост кој го погоди Непал во 2015 година кога смртно настрадаа девет илјади луѓе, а голем број кампови на планините останаа напуштени.

Исто така, се претпоставува дека на Монт Еверест има околу 200 тела на жртви на планинари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: