Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Моцарт ефектот“ е само урбан мит, тврди германски психолог

Занимливости

„Моцарт ефектот“ е само урбан мит, тврди германски психолог

Поради раширеното верување дека класичната музика влијае на детската интелигенција, бремените жени често одат на концерти, а наставниците во училиштата со задоволство им пуштаат на децата дела од Моцарт.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека работите сепак не се толку едноставни.

– Во раните 90-ти години на минатиот век во САД беше обајвена една студија во која се тврдеше дека слушањето композици на Моцарт ги прави луѓето попаметни, вели Михаел Олер, претседател на Друштвото за музичка психологија во Германија, додавајќи дека резултатите од таа студија никогаш не биле научно повторени.

Според Олер, ваквото тврдење за постоење „Моцарт ефект“ претставува само уште дека „урбан мит“.

Експертите оценуваат дека свирењето позитивно влијае на когнитивните функции, но тоа се случува независно на кој музички инструмент се свири и независно кој музичкиот жанр.

– Постојат јасни докази дека свирењето музика го менува мозокот. Музиката не ги прави луѓето попаметни, но таа ги развива сензомоторните вештини, ја подобрува интеракцијата меѓу сетилните органи и моторните функции, вели Олер.

Музичарите исто така, се во можност да извршуваат неколку активности истовремено, да читаат ноти, да ги креираат свирејќи и да проверуваат дали е отсвирена правилно или погрешно одредена нота. Развивањето на таквите вештини исто така, менува одредени делови на мозокот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.