fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК: Бесплатен влез за студентите во МНТ за театарскиот маратон

МК Сцена

РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК: Бесплатен влез за студентите во МНТ за театарскиот маратон

Македонскиот народен театар 72 години од своето постоење ќе одбележи со роденденски маратон на 1 април ( сабота).

Токму затоа ансамблот на МНТ својата радост ќе ја сподели со публиката играјќи три претстави.

Со огромно задоволство ја информираме и повикуваме студентската публика, која сите овие години е дел од МНТ, овој ден да го прославиме заедно. Студентите ќе имаат можност бесплатно да ги гледаат нашите хит претстави Животот е прекрасен/ со почеток од 15:00 и Сомнително лице/со почеток од 21:00.

Билетите ќе можат да се подигнуваат од денес 31 март/петок на билетарницата во МНТ со приложување на индекс или студентска легитимација.

Ја покануваме студентската публика да дојде и заедно ќе го празнуваме нашиот роденден.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.