Следи нѐ
To Top

СКОПЈЕ ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Започна 15-то издание на „Фешн викенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со најновите креации за пролет/лето 2017 на Јована Филиповиќ поддржана од „Пелистерка“, беше отворен петнаесеттиот Моден викенд Скопје, вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.

„Жената е како водата. Едноставна, единствена, ладна, мирна, брановита. Наизглед мирна, а незамисливо моќна. Токму таква е и колекцијата. Сензуална, минималистичка и едноставна на изглед, а сепак секое парче е посебно, уникатно и моќно. Нијансите кои произлегуваат од длабочината на океанот се пресликани во флуидните и лесни модели, бои и текстури.“, вели дизајнерката Филиповиќ која со оваа колекција ја слави петгодишната соработка со „Пелистерка“.

реклама

СКОПЈЕ ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Започна 15-то издание на „Фешн викенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Втората ревија на првиот моден ден ги претстави најновите парчиња уникатен италијански накит од „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“.

СКОПЈЕ ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Започна 15-то издание на „Фешн викенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер дебитираше и младата Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година.

„Уникатноста на оваа колекција се огледа во специфичните и внимателно одбрани материјали за да се долови дизајнот на перфектен начин. Колекцијата со себе носи посебна живост и дополнување на духот на силните жени кои ги носат креациите“, вели Имери.

СКОПЈЕ ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Започна 15-то издание на „Фешн викенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вечерта ја заокружи колекцијата на „Alshar by Silvija Miha“ под името “Out of Africа“.

„Инспирацијата за колекцијата е од филмот “Моја Африка“ (Out of Africa), поточно од ликот на Карен кој го глуми Мерил Стрип – прикажана како борец, голем индивидуалист, истовремено силна и принципиелна личност. Колекцијата ќе го има сенсот на колонијална Африка и представува современо видување на креациите што ги носи Карен – парчиња инспирирани од сафари стилот. Креациите се со нагласени геометриски и архитектонски форми со изразен волумен и асиметричност.“, објаснува дизајнерката Силвија Михајловска.

СКОПЈЕ ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Започна 15-то издание на „Фешн викенд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ревијата беше проследена со настап на Теа Шалдева – со специјално подготвен DJ-сет.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.