//
Следи нѐ
To Top

Атмосферата на Марс исчезнала во Вселената

Најголем дел од атмосферата на Марс во еден период во минатото исчезнала во Вселената, иако таа се состоела од смеса на гасови кои можеле да создадат амбиент неопходен за развој на одредена форма на живот, се наведува во една научна анализа објавена во магазинот „Сајнс“.

Според авторите на студијата, атмосферата на Марс содржела големо количество на јаглерод диоксид, што создавала ефект на стаклена градина, затоплувајќи ја планетата до ниво неоопходно за развој на некакви форми на живот.

реклама

Во истражувањето се додава дека во атмосферата на Марс имало и значително количество на аргон, кој како инертен гас не реагира во допир со другите атмосферски гасови или површината.

Тоа значи дека единствен начин тој се изгуби од атмосферата на Марс е да бил изложен на абразивно влијание на сончев ветер, сметаат авторите на студијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Sci-fi

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: