Следи нѐ
To Top

Предупредување за можни напади на аеродроми и нуклеарни централи во Британија

Аеродромите и нуклеарните централи во Велика Британија добиле наредба за преземање зајакнати безбедносни мерки поради опасност од терористички напади, објави денеска лондонскиот весник „Телеграф“.

Според весникот, британските разузнавачки служби имаат сознанија дека џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и некои други терористички групи подготвиле планови за поставување експлозивни направи во лаптопи и мобилни телефони, кои не би можеле да бидат откриени при безбедносните контроли на аеродромите.

реклама

Службите, исто така, предупредуваат дека хакери би можеле да извршат кибер напади врз електронските системи за безбедност на британските нуклеарки.

Според весникот, разузнавачите имаат сознанија дека „терористи, странски шпиони и хакери“ се обидуваат да ја искористат „ранливоста на интернет заштитата“ на британската нуклеарна индустрија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.