Следи нѐ
To Top

АХВ: Стафилокока најдена во макароните, кај куварот, послужувачот на храната и работните површини

Стафилокока ауреус во макароните, кај куварот и кај лицето што ја послужувало вечерата, е причина за минатонеделното труење на вработените, вкупно 120, во фабриката Леар.

Ова го потврди денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и брисевите од работните површини од кујната на објектот каде се подготвувала храната за потребите на фабриката од Тетово и од мензата.

реклама

Според АХВ, поднесена е прекршочна пријава против операторот со храна, а најверојатно ќе биде поднесена и кривична пријава.

– Со испитувањата е утврдено присуство на бактеријата и во дел од брисевите земени од работните површини во кујната каде храната се подготвувала. Објектите за подготовка и за послужување на храната (кујната и мензата) се затворени, инспекциските служби наредиле мерки за отстранување на констатираните недоследности со вонредната контрола која ја спроведоа тимови на АХВ, санитарната инспекција и Центарот за јавно здравје во присуство на јавен обвинител, информира АХВ.

Објектите за подготовка и за послужување на храна ќе бидат повторно отворени по спроведувањето на наредените мерки и по извршените повторни лабораториски испитувања на земени мостри од брисевите од работните површини, со кои ќе се потврди безбедноста.

– Операторот со храна задолжително ќе мора да се регистрира, бидејќи со контролите е констатирано дека ниту тој, ниту мензата каде храната се послужувала не се евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, а лицата кои ќе бидат ангажирани во подготовката и послужувањето на храна ќе мора да бидат здрави, да имаат валидни здравствени книшки и помината обука за работа со храна. Задолжителна мерка која ќе мора да се спроведе пред да се почне со работа во кујната и мензата е и вршењето дезинсекција, дератизација и дезинфекција, посочува АХВ во соопштението.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.