//
Следи нѐ
To Top

Изгаснат пожарот кај Булачани, се интервенира во Раштак и Липково

Општина Гази Баба информира дека е изгаснат пожарот кај Булачани, а се интервенира во Раштак и Липково. Гаснењето го отежнува силниот ветер и непристапниот терен.

Пожарот во Булачани избувнал вчера, околу 12 часот и бил пријавен од жителите. Околу 13:30 часот противпожарната служба заедно со жителите пристапиле кон гаснење на пожарот, кој ја зафатил тревата и нискостеблестата шума. На гаснење на пожарот се интервенирало се до 1 часот изутринава при што тој бил локализиран, а биле оставени и дежурни луѓе за следење на состојбата.

реклама

Противпожарните екипи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и од ЈП „Македонски шуми“ утрово заедно со жителите од околните населени места го гаснеле пожарот, кој се проширил кон Липково, Раштак и Булачани. Во акцијата за гасење на пожарот се ангажирани и два авиони и околу 100 луѓе.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска бил на локациите зафатени од пожарот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: