Следи нѐ
To Top

АПОКАЛИПТИКА: „Многу сме возбудени што повторно доаѓаме во Скопје!“ (ВИДЕО)

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica утревечер настапува во Скопје, овој пат во рамките на можеби нивната најатрактивна турнеја, со наслов „Plays Metallica by four cellos“.

Концертот кој е во организација на Авалон Продукција ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20 часот.

реклама

Во пресрет на утрешниот концерт, членовите на бендот Eicca Toppinen и Mikko Siren преку видео порака, на македонските фанови им порачаа дека утрешниот концерт ќе биде можеби еден од највозбудливите на Apocalyptica досега.

– Многу сме возбудени што доаѓаме повторно во Скопје. Ве покануваме да дојдете на концерт, заедно да ги пееме најдобрите хитови на Металика!- велат членовите на бендот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.