Поврзи се со нас

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со локален дожд

Вести

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До  четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремени слаби врнежи од снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Од четврток кон крајот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе изразен ќе биде долж Повардарието во југоисточните делови на земјава.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.