//
Следи нѐ
To Top

Фантастичен тунел од книги во книжарница во Кина

За оние кои многу ги сакаат книгите, а покрај тоа можат да си дозволат често пати да патуваат низ светот, една кинеска книжарница е вистинско доживување. А нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција.

Продавницата на книги  „Јангжоу Жангжуге“ во кинескиот град Жен Јуан, одвнатре изгледа како сцена од филмот „Inception“ (Почеток). Просторот што предизвикува вртоглавица е дизајниран како една голема оптичка илузија.

реклама

Главниот ходник, чиј под е покриен со црни огледала, има форма на пештерски свод на чии  ѕидови се наоѓаат полици со книги. Рефлективната површина на подот и кривите форми на полиците создаваат чувство дека сте во совршена кружна просторија.

Ваквото чувство Ве тера да се запрашате што се случува околу Вас, па многу посетители се чувствуваат изгубени во таквиот простор. Помош при движењето нив овој „обратен“ простор дава размерот на таванот во форма на молња, чиј одраз на подот може да послижи како патека по која се стигнува во другиот дел од книжарницата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: