Следи нѐ
To Top

НОВА ЕВТИНА АВИОНСКА ЛИНИЈА: Од Скопје до Будимпешта два пати неделно со авионите на „Виз ер“

Со пристигнување на авион од „Виз ер“ од Будимпешта на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска официјално е промовирана новата авионска линија Будимпешта–Скопје–Будимпешта.

До унгарската престолнина ќе се патува двапати неделно, односно секоја среда и и секоја недела со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.

реклама

Со оваа нова авиолинија, македонските граѓани ќе имаат можност да патуваат не само до Будимпешта туку ќе имаат пристап и до 61 друга дестинација низ Европа кои се достапни преку мрежата на „Виз ер“. Билетите може да се резервираат на wizzair.com почнувајќи од 899 денари.

– Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на „Виз ер“ денес е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе 5 години, односно од февруари 2012 година. Со овој потег на Виз ер, да ја воведе бараната линија Скопје–Будимпешта, ние сме сигурни дека патувањата ќе бидат многу полесни и дека нашите патници ќе бидат задоволни. Дополнително, очекуваме оваа линија да придонесе за пораст на туризмот, како и за бизнис-размената меѓу двете земји, Македонија и Унгарија, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај генералниот директор на ТАВ Македонија, на церемонијата за дочек на летот од Будимпешта присуствуваа и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.

Во 2016 година, со авиокомпанијата „Виз ер“ се превезени над еден милион патници што претставува пораст од 27 проценти на годишно ниво.

Компанијата нуди 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид, вклучувајќи ја и линијата од Скопје до Будимпешта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.