Следи нѐ
To Top

Викендов започнува детскиот фестивал „Поточиња“

За време на претстојниот викенд, започнува долгоочекуваното 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

На 8-ми и 9-ти април во Скопје, во Македонска опера и балет, на репертоарот на фестивалот се планирани вкупно 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот.

реклама

Сите љубители на детската музика ќе имаат единствена можност овие два дена да уживаат и да ги проследат 15-те нови песнички и да бидат дел од уникатната детска забава, под палката на солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, како и главниот водител на манифестацијата, маскотата „Поки“.

Од организаторот Пап Продукција, најавуваат дека се преостанати уште мал број на билети, и дека и оваа година како и претходните, традиционално заинтересираноста за овој детски фестивал постојано се зголемува.

Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.