Следи нѐ
To Top

ВИРТУОЗИ НА ВИОЛОНЧЕЛО: „Апокалиптика“ ги свирише хитовите на „Металика“ во Скопје (ФОТО)

Ветувањето од претходниот концерт е исполнето – финските челисти „Апокалиптика“ повторно се вратија во Скопје, овојпат во рамки на прославата за 20 годишнината од објавувањето на албумот „Plays Metallica By Four Cellos“.

Иако за концертот, кој започна со 40-минутно задоцнување, арената „Борис Трајковски“ на почетокот изгледаше како преголемо очекување за организаторите, сепак на крајот го исполни капацитетот и скоро ги дуплираше бројките на посетеност во однос на концертите во Белград и Загреб кои се одржаа изминатите денови.

реклама

– „Добравечер Скопје! Славиме 20 години од албумот „Plays Metallica By Four Cellos”, па така вечерва ќе свириме само „Металика“. Ќе биде тоа инструментална верзија, а вие вечерва ќе пеете!“ – беше воведниот поздрав на фронтменот Еика.

ВИРТУОЗИ НА ВИОЛОНЧЕЛО: „Апокалиптика“ ги свирише хитовите на „Металика“ во Скопје (ФОТО)

Ѓорги Селков / Популарно.мк

Можеби несекојдневно за музички концерт, но настапот на „Апокалиптика“ беше поделен на два дела, меѓу кои имаше 15-минутна пауза.

Во првиот дел, кој започна со звуците на „Enter Sandman“ на бината беа само четворицата челисти кои со звуците и хармонијата на музиката од виолончелата публиката ја потсетија на хитовите „Obey your master”, „Master of Puppets”, „Harvester of Sorrow“…

ВИРТУОЗИ НА ВИОЛОНЧЕЛО: „Апокалиптика“ ги свирише хитовите на „Металика“ во Скопје (ФОТО)

Ѕвонко Плавевски / Авалон Продукција

Во вториот дел, пак, четворицата виртуози на бината се вратија со нивниот тапанар Мико Сирен и започна експлозивниот концерт кој посетителите го очекуваа уште од самиот старт.

Следуваа песните „Fight Fire with Fire“ „Until it Sleeps”, а за песната „Orion”, Топинен кажа дека тоа била првата песна која ја слушнал од Металика и од тогаш се заљубил во овој култен бенд.

Меѓу публиката имаше голем број на металци, но и луѓе од различни генерации, од тинејџери до повозрасни кои уживаа во настапот на финските челисти. Една од нив беше и популарната македонска пејачка, Каролина Гочева, која беше подготвена во целост за енергичниот настап, облечена во младешка комбинација со тесни фармерки и маичка на „Металика“.

ВИРТУОЗИ НА ВИОЛОНЧЕЛО: „Апокалиптика“ ги свирише хитовите на „Металика“ во Скопје (ФОТО)

Еикa уште еднaш нa мaкедoнскaтa публикa и пoрaчa декa тукa се чувствувaaт oдличнo.

Инаку, „Апокалиптика“ нaстaпувaaт пo третпaт вo Скoпје и пo третпaт вo oргaнизaцијa нa Авaлoн прoдукцијa.

Финците докажаа дека можете да бидете на хеви метал концерт на кој свират челисти, и да си поминете незаборавно!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.