Следи нѐ
To Top

ЗГРЕШИЈА, ПА ЈА ПОВЛЕКОА РЕКЛАМАТА: Пепси му се извини на светот за спорната реклама со Кендал Џенер (ВИДЕО)

„Очигледно ја згрешивме поентата, се извинуваме!“ – велат од Пепси.

Рекламата во која Кендал Џенер се придружува на протестанти за човекови права, па на крајот му дава лименка од познатиот газиран пијалок Пепси на полицаец, како би се смирила тензијата помеѓу протестантите и полицијата, е повлечена по низата критики испратени преку социјалните мрежи.

реклама

Рекламата ги „погоди“ буквално сите, а посебно луѓето во многуте земји каде има активни протести. Но, едно е сигурно – на никого не му се допадна идејата како најмалата сестра од кланот Кардашијан, Кендал Џенер, ја спасува Америка со лименка газиран сок.

Откако ја повлекоа рекламата, од Пепси излегоа со соопштение за јавноста во кое се вели:

– „Пепси се обиде да испрати глобална порака за единство, мир и разум. Очигледно е дека ја згрешивме поентата и се извинуваме за тоа. Не ни беше идејата да ги минимизираме проблемите со кои голем број на луѓе се соочуваат ширум светот. Ја повлекуваме рекламата и прекинуваме со емитување на истата“.

Дополнително, тие и се извинија и на Кендал што ја ставила во таква позиција (како Кендал на сила да ја снимила рекламата, а не да била платена милиони долари за истата…)

Иако рекламата повеќе не е достапна преку официјалните канали на Пепси, сепак таа сѐ уште е присутна на Јутјуб, а можете да ја погледнете во продолжение:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.