Поврзи се со нас

Популарно.мк

Променливо облачно со засилен ветер

Вести

Променливо облачно со засилен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди преку денот, меѓутоа ќе има услови и за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

В петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.