//
Следи нѐ
To Top

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Патуваат по најнеобичните места во светот и заработуваат пари од фотографиите

За многумина идејата за давање отказ од работа и патување по светот е само сон, но за една британска двојка таа идеја стана реалност.

Откако лани се запознале на Фиџи, Џек Морис и Лорен Булен решиле да почнат да патуваат со „полно работно време“.

реклама

Од тогаш тие станаа една од најпопуларните двојки на Инстаграм, кои заработуваат патувајќи низ светот. Тие досега минале низ 45 земји.

Морис и Булен се ангажирани од повеќе туристички организации, хотели, ресторани, но и голем број брендови, со задача нивните производи или понуди да ги престават со атрактивни фотографии.

Најголема заработувачка од 7.000 фунти (8.000 евра) Џек имал од една фотографија, додека Лорен за најскапата платена објава добила илјада фунти помалку.

Пред да почне да заработува преку Инстаграм, Џек (26) работел во сервис за теписи, а сега за живот заработува со промоции.

– Јас работев секој ден од 9 до 17 часот и не ја сакав својата работа. Знаев дека треба нешто да сменам, посебно поради фактот што лудував опивајќи се за викендот. Заштедив околу 3.000 фунти и одлучив да тргнам на пат, изјави Џек.

За сите оние кои сакаат да заработуваат преку Инстаграм, тој порачува дека најважно е добро да се забавуваат и да ја следат својата страст.

– Ако го сакате тоа што го работите, поголеми се шансите да успеете, додава Џек.

Фотографиите најчесто ги прават еден час по изгревањето на сонцето, затоа што тогаш локациите на кои работат најчесто се празни. Џек додаде дека одбегнуваат користење на филтри.

Моментално Џек и Лорен се наоѓаат на Бали.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: