Поврзи се со нас

Популарно.мк

Уметникот Игор Јосифов ќе изложува во Чикаго

МК Сцена

Уметникот Игор Јосифов ќе изложува во Чикаго

Мултимедијалниот уметник Игор Јосифов за првпат во живо ќе го изведе перформансот „Untie“, во рамките на неговото претствување во уметничката галерија „Дефибрилатор“ во Чикаго, САД.

Од 19 до 29 април, Јосифов пред американската публика ќе го претстави мултимедијалниот проект „Континуум“, кој премиерно беше прикажан во Скопје на 14 декември 2016 година.

„Континуум“ доби и патувачки карактер низ неколку градови во Македонија (Тетово, Кичево и Битола) со цел домашната публика подобро да го запознае концептот на работа и уметничкото творештво на Игор.

Десетдневното претставување на Јосифов во Чикаго ќе значи секојдневно негово ангажирање по десет часа, каде што присутните ќе може да се вклучат во интеракција со уметникот и да партиципираат во неговото градење на „Континуум“.

„Континуум“ е уметничка творба која го заокружува негово десетгодишно истражување и дружење со оганот како алатка, но не застанува тука. Како што и самото име кажува, „Континуум“ постојано се надоградува и продолжува.

Неговата посета/престој на границата меѓу Македонија и Грција во 2015 година, беше поттик за подлабоко истражување и создавање на нови дела кои сведочат за мигрантската криза.

„Континуум“ е мултимедијален проект кој набљудувачите го чувствуваат со сите свои сетила. Употребата на оган е само доказ дека оганот е во нас, а преку огнената рефлексија се трансформира во различни облици и форми.

Покрај користење на оганот како негов медиум, Јосифов изработува и дела од керамика и стакло.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.