Поврзи се со нас

Популарно.мк

УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАГРАДИЈА ПРОФЕСОРИТЕ: „Корчагинска просветилка“ по четврти пат во МОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАГРАДИЈА ПРОФЕСОРИТЕ: „Корчагинска просветилка“ по четврти пат во МОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На 4 април во новиот салон на Македонската опера и балет, корчагинските матуранти од генерација 2013-2017, ја поставија на сцена четвртата по ред Просветилка, манифестација која е препознатлив корчагински бренд.

Матурантите на оригинален и креативен начин им се заблагодарија на своите наставници со рачно изработени маскоти во вид на академски светилки на кои беа испишани признанија во суперлативи: најобјективен, најтемелен, најпосветен, најсестран, најрадосен, најлајт-мотивен, најорганизиран, најавторитативен, најпринципиелен, најавангарден….

На сцената беше поканет директорот на гимназијата м-р Јордан Лукаревски да ја отвори манифестацијата која траеше преку три часа за да се поделат преку педесет просветилки.

Матурантите ги забавуваа своите наставници, соученици, бивши Корчагинци, родители и пријатели со музички точки, духовити скечови, видео записи, ширејќи синергија од позитивни чувства.

Наставниците заблагодарувајќи се на сцена пред полната сала, имаа поголема трема и возбуда од своите ученици, но и срце полно љубов и благодарност за укажаната почит, како и искрени желби за понатамошни успеси на матурантите.

Шармантни беа изјавите на професорката по латински јазик Лидија Гелевска која меѓу другото спонтано им кажа на учениците: „Цела година ве малтретираме , а вие ни давате признанија – е тоа се Корчагинци“ како и реченицата на професорката по биологија Елизабета Дадиќ Николоска: „Запаметете, вие сте само еден од десетте милиони сперматозоиди кои се здобиле со можност за живот“.

Целата сала ја крена на нозе професорот по историја Дарко Билбиловски кога ја запеа оперската арија „О соле мио“, а професорката Татјана Алексиќ излезе облечена во креација која ги симболизираше сите четири Просветилки цитирајќи го Балзак „Животот е нашата облека, ние сме облечени во нашиот живот“.

На крајот, како и секоја година громогласен аплауз доби чичко Миле кој излезе во име на техничкиот персонал, а таткото на Кариерниот и Просветителката, професорот по бизнис и менаџмент Ацо Спасевски излезе на хорската изведба на култната песна на групата АББА „Money, money, money“ под палката на професорот, маестро Сашо Ливрински.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

unnamed publika DSC_7083 DSC_7079 DSC_7074 4 dir DSC_0722 DSC_0728 DSC_0749 DSC_0759 DSC_0782 za popularno DSC_0174 DSC_0216 DSC_0298 DSC_0349 DSC_0401 DSC_0491 DSC_0533 DSC_0628 DSC_0672 DSC_0150
<
>

Прочитај повеќе
Маркетинг

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.