Следи нѐ
To Top

НАПАД ВО ШВЕДСКА: Камион удрил и усмртил група пешаци во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Шведската полиција соопшти дека има повредени лица откако камион удри го група пешаци во центарот на Стокхолм.

Тие инцидентот во Стокхолм го разгледуваат како евентуален терористички напад, јави шведската телевизија Ес-Ви-Ти.

реклама

Најмалку три лица загинаа откако камион удри го група пешаци во центарот на Стокхолм. Локалните медиуми соопштуваат за петмина загинати и поголем број повредени лица.

НАПАД ВО ШВЕДСКА: Камион удрил и усмртил група пешаци во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Шведскиот Јавен телевизиски сервис соопшти дека се слушнале и истрели, а полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат централното градско подрачје.

– Полицијата доби повик дека едно лице со возило повредило други луѓе во Дротингатан, напиша полицијата на Твитер.

НАПАД ВО ШВЕДСКА: Камион удрил и усмртил група пешаци во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Се верува дека камионот бил украден од една пиварница.

Инцидентот се случи околи 13 часот по локално време во близина на најголемата пешачка улица во Стокхолм.

НАПАД ВО ШВЕДСКА: Камион удрил и усмртил група пешаци во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Очевидци соопштија дека стотици лица во паника истрчале од продавниците, а полиција со тешко вооружување се наоѓа на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.