Следи нѐ
To Top

НЕОДОЛИВА ПОКАНА: Тинејџер ја кани актерката Ема Стоун за партнерка на матурската прослава (ВИДЕО)

Прекрасна понуда, објавена на социјалните мрежи, стана вирална, откако тинејџер од Аризона одлучи да ја преработи воведната сцена од филмот „Ла Ла Ленд“ со цел да ја покани актерката Ема Стоун да му биде партер на матурската забава.

Џејкоб Стауденмајер ја „оживеа“ сцената од автопатот во Лос Анџелес и го преработи текстот на песната, со цел оскаровката Стоун да ја покани на својата матура.

реклама

На оваа понуда актерката одговори:

– „Џејкоб, ти благодарам за најдобрата покана која некогаш сум ја добила.“, пишува Стоун. „Не можам да ти опишам која е честа и колку многу се смеев во текот на ова убаво оркестрирано видео. За жал, во тој период сум во Лондон, работно, но ти посакувам да имаш најубав помин на твојата матурска прослава и сум ти благодарна што помисли на мене. П.С. Го гледам Гослинг во твоите очи. Со љубов, Ема.“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.