Поврзи се со нас

Популарно.мк

Александра Јанева ја преработи „Зошто баш ти“ на Ноне (ВИДЕО)

МК Сцена

Александра Јанева ја преработи „Зошто баш ти“ на Ноне (ВИДЕО)

По повод 10 годишнината од издавањето на оригиналната верзија на баладата „Зошто баш ти“ пејачката Александра Јанева направи свој римејк. 

Синоќа, за време на нејзиниот настап во Кафе Концепт во Струмица беа промовирани песната и видео записот.

– „Благодарност до целиот мој тим кој веруваше во овој проект и подготвивме уште едно изненадување за публиката. Заедно со авторите одлучивме да ја реиздадеме оваа прекрасна македонска песна во еден помодерен звук. Се надевам дека новата верзија ќе и се допадне на публиката“, вели Александра по промоцијата.

Инаку, музиката на песната е од познатиот автор и хитмејкер Јован Јованов, текстот е на Елвир Меќиќ, а новиот аранжман на Иле Спасев, додека видеото е на Rewind production и креативниот Ѓорги Вацев.

Струмичанката Јанева е сè уште актуелна со последната балада „Солза за крај“ која излезе во месец февруари. Официјалната преработка „Зошто баш ти“ е веќе втор нејзин сингл во 2017-та со што најавува плодна и креативна година.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.