Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Велигденскиот викенд со сонце во петок, дожд и заладување од недела

Вести

Велигденскиот викенд со сонце во петок, дожд и заладување од недела

Претстојниот празничен викенд не очекува променливо време. Сончево ќе се задржи во петок и сабота до попладне кога се очекува зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд претежно во планинските региони.

Во сабота ќе има повеќе облачност и услови за појава на грмежи. Позначителен влажен бран се очекува да помине во недела и во понеделник и ќе биде проследен со умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

Во петок утринската температура ќе се движи од 1 до 7 стпени, во сабота 1 до 8, недела од 2 до 8 и во понеделник од 3 до осум степени. Дневната температура во петок ќе биде во интервал од 19 до 26 степени, во сабота од 17 до 25, во недела од 17 до 23 и во понеделник од 12 до 18 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.