Следи нѐ
To Top

СКАНДАЛ ВО АМЕРИКА: Насилно исфрлен патник од Јунајтед Ерлајнс (ВИДЕО)

Патник во американската авикомпанија Јунајтед Ерлајнс беше насилно исфрлен  од летот на Чикаго-Луисвил, кој беше пребукиран, откако тој одби  доброволно да излезе.

Инцидентот, кој се случил во неделата, шокираните патници го снимиле со мобилен и снимките веднаш ги објавија на социјалните мрежи. Тие изјавија  дека авиокомпанијата случајно одбрала четворица патници кои морале да го напуштат авионот за да може да се обезбеди место за четворица други, од нивна партнерска компанија.

реклама

Снимката од авионот прикажува маж кого тројца полицајци насилно го извлекуваат од седиштето и по подот го влечат од авионот. Патникот кој одби да го напушти авионот е лекар и требало да стигне на работа наредниот ден, напишаа патниците кои го објавија видеото.

Од Јунајтед Ерланс потврдија дека летот бил пребукиран и дека полициските сили биле замолиле да им помогнат откако патникот одбил да излезе.

– Ние се извинуваме поради пребукираниот авион. За други детали околу патникот обратете се во полиција, рече потпаролот на авиокомпанијата.

Извршниот директор на Јунајтед, Оскар Муноз, се извини на патниците и рече дека ова е многу вознемирувачки случај и дека се истражува што точно се случило.

– Ние директно ќе контактираме со патникот за да ја решиме оваа ситуација, рече тој.

Еден од патничките, која сведочеше на непријатната случка, Одри Д. Бриџис, изјави дека екипажот замолил еден доброволец да го препушти своето место уште на влезот во авионот, давајќи 400 долари и хотелско сместување. Но, откако сите се качија, стјуардесите побарале од четири лица да излезат од авинот затоа што вработените на Јунајтед Ерјалнс би требало да бидат во Лоусвил во понеделник на другиот лет.

Компанијата понуди компензација од 800 долари и ноќевање во хотел, но откако никој не се согласи на нивната понуда, по пат на компјутер одбрале патници кои мораат да го напуштат авионот.

Тројца луѓе излегле од авионот мирно, но лекарот одбил да го напушти авионот, дури и после разговорот со полицијата.

Бриџис тврди дека мажот кој насилно го исфрлија од авинот, се вратил внатре со крвава глава и му била пружена лекарска помош додека другите патници се испратни назад во зградата на аеродромот за да може екипажот да „исчисти“ пред полетување. Поради сето ова, летот доцнел цели два часа.

Последниот инцидент предизвика револт на социјалните мрежи, а корисниците, со хаштаг #DontFlyUnited порачаа дека повеќе никогаш нема да летаат со таа авиокомпанија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.