//
Следи нѐ
To Top

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

По вчерашните фотографии од графити на кои беше испишан слоганот „Младост без лудост“, денес во јавноста се појавија фотографии од јавни личности што ја праќаат истата порака.

Скопјани и ова утро повторно затекнати. Фотографии со слоган „Младост без лудост“ ги заменија графитите.

реклама

Очигледно се најавува нешто ново, но сѐ уште никој нема идеја за што точно станува збор.

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

„Младост без лудост“ е новиот препознатлив слоган што ја заголицка фантазијата на сите оние кои деновиве прошетаа низ главниот град. Толкувањата се различни, претпоставки има многу, но она што авторот на овие графити и фотографии го прави, за сега е само голема мистерија преточена во креативна идеја и добро осмислена поента. За мотивот на оваа акција останува да бидеме трпеливи.

По вчерашната објава во медиумите за графитите со чудна содржина што осамнаа на неколку места во главниот град, денес во јавноста излегоа фотографии од јавни личности кои праќаат порака „Младост без лудост“.

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

Гораст Цветковски, Дарко Глишиќ, Стефан и Мартин од Некст Тајм, Катарина Ивановска, Филип Кузмановски и водителката Елена Стојановска, се само дел од ликовите кои се фотографирале со овој слоган.

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

Дали повод за овие графити и фотографии е да се пренесе порака дека младоста не оди без лудост или дека младоста е убава и треба да се живее без лудост и одговорно, сѐ уште не можеме да откриеме, но со сигурност знаеме дека крајната цел на познатите личности кои се дел од вакви акции, секогаш е да им пренесат важна порака на младите.

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

Претпоставка на медиумите е дека станува збор за герила акција или за некое ново младинско движење, или пак, станува збор за некоја комерцијална кампања во чиј фокус се токму младите.

Недоумицата останува и понатаму, а публиката ќе треба да даде одговор на ова прашање, но и на прашањето кое што го поставуваат познатите личности: „Што е младост, а што лудост?“

Јавните личности праќаат пораки „Младост без лудост“ (ФОТО)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: