Следи нѐ
To Top

ГЕРИЛА АКЦИЈА: Огромно гнездо со јајца се појави во Скопје (ФОТО)

Герила акција насловена „Поддршка за птиците во Скопје“ утринава ги заинтригира скопјани, која има за цел во овие предвелигденски денови да алармира на се поголемиот број исечени дрвја во градот.

Градското зеленило за само осум години е намалено за 40%, што освен на загадувањето и унуштувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае на севкупниот биодоверзитет во градот.

реклама

Со уништувањето на старите и возрасни дрвја во градот не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците, туку истите многу често немаат место за гнездење. Според податоците од еколошките здруженија, неколку видови како славејот, песнопојките, клукајдрвците, ќосот и слични племенити птици се пред исчезнување во градот заради уништување на нивниот хабитат.

ГЕРИЛА АКЦИЈА: Огромно гнездо со јајца се појави во Скопје (ФОТО)

Организаторите на герила акцијата наведуваат дека таа е спроведена во соработка со птиците од Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.