Следи нѐ
To Top

Осумгодишник научил да вози на интернет и ја однел помалата сестра во Мекдоналдс

Осумгодишно момче од Охајо, кое било страстен љубител на чизбургерот во МекДоналдс, ја ставил својата четиригодишна сестра на совозачко седиште од автомобилот на својот татко и заминале во омилениот ресторан за брза храна. 

Според локалните медиуми, момчето научило да управува со автомобил гледајќи видео снимки за возење на Јутјуб.

реклама

Необичниот настан се случил откако таткото заспал за време на неделното попладне, а мајката, исто така, задремала заедно со децата во дневната соба. Камерите забележале дека младиот возач бил повеќе дисциплиниран од своите повозрасни и поискусни колеги, прописно застанал на сите семафори и безбедно преминал преку крстосници и железничка пруга.

Кога по еден и пол километар возење братот и сестрата стигнале до МекДонлдс, вработените во ресторанот ги погледнале со неверување. Истовремено, полицијата во селото Ист Палестин, во источниот дел на Охајо, добила повик од загрижени жители, кои го забележале момчето како управува автомобил.

Младите „бегалци“ почнале да плачат кога им пришол локален полицаец, велејќи му дека имале огромна желба да јадат чизбургер, а притоа не сакале да ги разбудат своите родители.

Полицијата  не го казнила момчето, кое успеало да го заврши својот омилен оброк.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.