//
Следи нѐ
To Top

Сини јајца обоени со боровинки

Еве уште една техника за природно боење на јајца …

Потребно е:

реклама

1-2 јајца
5 лажици свежи и замрзнати боровинки
1 лажица џем од боровинки (не мора)

Подготовка:

– Боровинките и џемот ставете ги во ѓезве и додадете малку вода.

– Убаво изгмечете ги и ставете го јајцето. Прелијте го со ладна вода да го покрие целото.

– Оставете го на собна температура околу 15 минути, а потоа ставете го ѓезвето на рингла на средна температура и загревајте ја течноста до вриење. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата  и оставете да се вари јајцето уште 5 минути.

– Ѓезвето тргнете го од рингла, покријте го со чинија и  оставете го најмалку 30 минути да стои.

– Извадете го јајцето и нежно избришете го со салфетка. оставете го да се излади.

– Премачкајте го со масло за да биде сјајно.

– Истата постапка повторете ја и со второто јајце.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 15, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 15, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 15, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: