//
Следи нѐ
To Top

Што значи бојата на велигденските јајца?

Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.

реклама

Генерално, јајцето е симбол на Велигден поради новиот живот и плодноста, а традиционалното вапцање јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои.

Ова се толкувањата на боите на велигденските јајца:

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Се претпоставува дури и дека симболите кои се појавуваат при фарбањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: