Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Скопје 31 сообраќајка за велигденскиот викенд, еден потешко повреден

Вести

Во Скопје 31 сообраќајка за велигденскиот викенд, еден потешко повреден

Едно лице е потешко повредено, а 27 се здобиле со полесни повреди во 31 регистрирана сообраќајна несреќа во изминатите четири дена во Скопје.

Како што соопшти СВР Скопје, од евидентираните девет сообраќајки во петокот,  во една со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, во четири полесно се повредени четири лица, а четири незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата исто така се случиле девет сообраќајни незгоди, при што во четири несреќи полесно се повредени седум лица, а во пет сообраќајки причинета е материјална штета.

Во неделата во Скопје се регистрирани 10 сообраќајки, пет со материјална штета и пет со последица телесни повреди, при што полесно се повредени осум лица.

Вчера во Скопје се регистрирани три сообраќајки, една со полесно повредени четири лица и две со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, 15 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 19 биле непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 12 непрописно паркирани возила.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.